Зошто ви е потребен одмор?
Летото е годишно време за кое сите живееме – можеме да спиеме повеќе (ако не работиме), да се забавуваме, шетаме, уживаме. Или барем така си мислиме.
Некогаш одамна летувањето беше една недела со баба и дедо кога јадевме слатки и се капевме во море. Денес луѓето забораваат како е да се “исклучиш“ од светот и да ги одмориш телото и умот.
Зошто да одите на одмор?
1. Тоа е човечка потреба. “Разноликоста“ е основна човечка потреба. На луѓето им здосадува кога секој ден им е ист. Заминувањето на летување и доживувањето промени е потребно за здрав ум.
2. Можете да се наспиете. Погледнете колку време животните поминуваат спиејќи. И ние сме исти. Искористете го одморот за да се наспиете.
3. Планирајте однапред. Не оставајте се за последен момент за да избегнете трчање по агенции по најжешкото, пакување во последен момент за да сфатите дека не ви збира ништо во куферот и да се изнервирате без потреба.
4. Облекувајте се удобно. Кога патувате и додека сте на одмор понесете лесни алишта во кои се чувствувате удобно. Немојте да носите претесни модели и високи потпетици.
5. Без технологија. Заборавете на лап топот. Не грижете се дали вашиот Inbox ќе биде преполн. Ова е ваше време и обидете се да се релаксирате. Нема да зажалите.
Одморот сме го чекале со нетрпение цела година, затоа е убаво да се искористи максимално, да се наполнат батериите и да се подготвите за уште една напорна година.