Навики на здравите луѓе кои треба да ги примените и вие

Сите сакаме да бидеме здрави и сите слушаме за правилна исхрана, вежбање и баланс во животот, но тешко е истото да се одржи.

naviki-na-zdravite-lugje-koi-treba-da-gi-primenite-i-vie-01.jpg

Постојат луѓе кои се инспирација и секојдневно прават нешта кои придонесуваат за нивното добро здравје и состојба.

Со тоа, тие се чувствуваат подобро, исполнето и среќно, а вие треба да учите нешто од нив.

Погледнете што прават здравите луѓе секој ден и присвојте си некоја навика:

1. Опкружени се со други здрави луѓе со слични цели и животен стил.

naviki-na-zdravite-lugje-koi-treba-da-gi-primenite-i-vie-02.jpg

2. Не веруваат во диети, но постојано се хранат здраво и умерено, а понекогаш си дозволуваат по некое слатко задоволство без чувство на вина.

naviki-na-zdravite-lugje-koi-treba-da-gi-primenite-i-vie-03.jpg

3. Имаат редовен интимен однос, што влијае позитивно на здравјето, физички и психички. 

4. Тие секојдневно се движат и се активни барем 30 минути во денот, зависно од тоа каква активност ги привлекува.

5. Прават пауза од што и да е и излегуваат надвор да се ослободат од стресот и монотонијата на животот.

naviki-na-zdravite-lugje-koi-treba-da-gi-primenite-i-vie-04.jpg

6. Го користат максимално денот за сите обврски и активности, а она што ќе остане, го користат за добар, квалитетен сон, што е клучно за добро здравје.

naviki-na-zdravite-lugje-koi-treba-da-gi-primenite-i-vie-05.jpg

7. Тие постојано учат нешто ново што дотогаш изгледало невозможно – го одржуваат детето во себе и максимално уживаат во животот и нивните пасии кои ги исполнуваат.

naviki-na-zdravite-lugje-koi-treba-da-gi-primenite-i-vie-06.jpg

8. Секогаш имаат планови и структура за дневните обврски и рутини, за да можат да најдат време за сите работи и никогаш да не се соочуваат со хаос и нервози.

9. Здравјето им е приоритет и секогаш ги бираат здравите опции, но и никогаш не оставаат на претпоставки, туку редовно се прегледуваат кај доктор.

naviki-na-zdravite-lugje-koi-treba-da-gi-primenite-i-vie-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сите во семејството само ме критикуваат, посакувам да си заминам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg