10 знаци по кои можете да препознаете добар доктор
Ве слуша
Многу пациенти прават глупави грешки, па си даваат себеси дијагноза според тестови во одредени магазини и слушаат совети од луѓе кои немаат допирна точка со медицина. Но, тоа не значи дека докторот треба комплетно да ги игнорира нивните зборови.
Ако докторот гледа дека сте загрижени, поставувате прашања, ве интересира конкретен симптом, тој не треба само немо да си ја пополнува документацијата, туку треба да ви одговори на прашањата.
Ги слуша и вашите блиски
Покрај тоа што ве слуша вас, ако ситуацијата е сериозна добриот доктор ги слуша и зборовите на вашите роднини затоа што во таквата комуникација често пати може да се дојде до вистината за појавата на конкретен проблем.
Не го запоставува мислењето на другите специјалисти
Добриот доктор ја цени тимската работа. Ако за нешто се двоуми ќе се упати кај некој специјалист и ќе се консултира, без притоа да се грижи дали на тој начин неговата репутација ќе биде разнишана.
Го бара изворот на проблемите
Добриот доктор ќе ја излекува болеста, а идеалниот ќе сака да влезе во коренот на проблемот и да направи болеста да не се појави никогаш повеќе, се разбира, доколку тоа е во неговата моќ.
Тој ќе сака да ја открие причината за нејзината појава.
Не се обидува да ве задоволи
Не ви дели насмевки и комплименти за да ги добие вашите симпатии и во клиниката во која работи да се шири глас колку го сакаат пациентите.
Добриот доктор сака да се покаже со помош на својот професионализам, а не самореклама и одглумена љубезност.
С. С. | Црнобело