10 знаци по кои можете да препознаете добар доктор
Тој е сериозен и категоричен и нема потреба со помош на насмевки и милни зборови да ви се додворува. Единствената обврска му е вашето здравје.
Колку пати досега сте биле исфрустрирани од начинот на функционирање на здравството и од некои лоши доктори, кои не си ја вршат работата правилно?
Да можете, сигурно никогаш не би отишле во болница, но, за жал, некогаш немате друг избор и мора да го оставите животот во нивни раце, па затоа неопходно е да научите како да процените кои доктори се навистина добри.
Како да ги препознаете вистинските професионалци во медицината?
Одлики на добриот доктор:
Тој е сериозен и категоричен
Нема потреба од докторот да барате нежност, љубезност и смисла за хумор. Тој го има секое право да биде строг, професионален и да се држи до работата.
Ако е концентриран на работата и одговорен, тогаш тоа е доволно. Нема потреба од шеги или пријателство.
Не се плаши да ги искаже своите сомневања
Добриот доктор не е експерт кој во рок од една минута дава дијагноза за состојбата на пациентот.
Доктор кој вистински сака да ви помогне понекогаш може да каже: „Не сум сигурен, морам да прочитам, да се консултирам“ и тоа е сосема во ред. Ќе имате придобивка на долг рок од неговата внимателност.
Ви ги дава сите потребни информации
Нормално е дека докторот и пациентот имаат различно ниво на информации околу тоа како функционира организмот и процесите во него.
Па, така добар доктор ќе ви каже сè што знае за вашата состојба и ќе ве предупреди на ризиците поврзани до одреден третман или неприменување на истиот.
Зборува на јазик кој го разбирате
Користењето на специјална терминологија во комуникација со пациентите не е знак на професионалност, туку на желба да се сокрие несигурноста позади јазик кој пациентот не го разбира.
Сложените медицински термини се безначајни за пациентот, особено кога се работи за деца.
Ве помни
Кај докторите минуваат многу луѓе секој ден и логички е дека тој не може да им ги запомни имињата на сите. Но, ако веќе некое време одите кај одреден специјалист и тој секој пат ја чита историјата на вашата состојба од почеток, значи дека не е заинтересиран за вас.
Докторот не е должен да помни детали, но во ред е барем да ве препознае и да знае од што ве лекува.