Совети од домашната аптека: Како се користи масло од кантарион?
Употребата на кантарион потекнува уште од римскиот период, кога освен за надворешни облоги, се користело и како средство за намалување на стресот.
Кантарионовото масло се добива со додавање на гранчиња кантарион во маслиново масло и истото треба да отстои одреден период, а потоа да се користи за нега на кожата.
Маслото од кантарион е соодветно за третирање за сите типови на кожа - користете го за да ја смирите чувствителната кожа, за рехидратација, за намалување на брчките, за поттикнување на обновата на клетките и за против микроби и габични заболувања.
Можете да го направите и сами, па така секогаш ќе бидете сигурни дека дома имате квалитетен продукт, од кој ќе може да ги искористите сите позитивни дејства.
Доколку правите кантарионово масло за лице во домашни услови, не користете маслиново и кокосово масло, туку изберете масло од бадем или од семки од кајсија. За друга намена може и маслиново масло.
Свежите цветови оставете ги да се исушат еден ден и потоа наполнете тегла со нив до горе. Налејте го маслото кое го избравте и оставете на сончева светлина месец-дена. По прецедувањето, чувајте го во сад од темно стакло.
Важно: Не користете кантарионово масло доколку излегувате на сонце. Најдобро е да го применувате навечер, пред спиење.
С. У. | Црнобело