16 начини да го подобрите вашиот сон, рангирани од најмалку до најмногу ефективни
Оние кои имаат проблем со квалитетен сон, се подготвени на сè само за да можат добро да се наспијат.
Честопати зборуваме за совети кои го олеснуваат овој проблем, но не е доволно да примените само еден од нив.
Следнава листа ги набројува начините на кои можете да го подобрите сонот, рангирани од најмалку до најмногу ефективни.
Секако е најдобро кога применувате повеќе од нив, па обидете се да се држите што повеќе до листата.
Начини на кои може да го подобрите сонот од најмалку до најмногу ефективни:
1. Не практикувајте „snooze“ на алармот.
2. Ставете смирувачки звуци за будење со аларм.
3. Отстранете ги непотребните работи од просторот за спиење.
4. Мијте ги забите во темница, за да го избегнете силното светло пред спиење.
5. Исполнете ја собата со приспивни мириси, како лаванда која помага за релаксирање на телото и други есенцијални масла и свеќи.
6. Практикувајте кратки дремки до 30 минути, за да не се разбудите уште повеќе поспани среде бел ден.
7. Не легнувајте размислувајќи на проблемите што ве чекаат утре – тешко ќе заспиете така. Завршете го тоа со разговор за нив пред да легнете.
8. Релаксирајте се активно со вежби за дишење или со медитација, како и со истегнување на мускулите од глава до пети пред спиење.
9. Внимавајте каква храна внесувате навечер. Храната која тешко се вари може да ви направи проблеми со варењето заради што долго ќе се превртувате во кревет.
10. Изложеноста на природна светлина наутро, според научни докажувања помага за подобар сон навечер заради нивото на кортизол. Па, отворете ги завесите!
11. Вежбајте наутро бидејќи утринската физичка активност ќе ви помогне да го подобрите сонот во текот на ноќта истиот ден.
12. Собата во која спиете, нека биде ладна, на температура од 15 до 20 степени.
13. Следете одредена рутина и легнувајте во исто време отприлика секојдневно. Редовните навики пред спиење исто така помагаат во подобар сон и побрзо запсивање.
14. Избегнувајте алкохол пред спиење бидејќи тој влијае на централниот нервен систем, што значи дека ќе ви помогне да заспиете побрзо, но ако испари за време на сонот, или ќе се разбудите порано, или ќе бидете „изморени“ од спиење.
15. Избегнувајте го и кафето пред спиење, бидејќи и тоа може да го наруши вашиот сон, па практикувајте последната шолја да ви биде 6 часа пред спиење.
16. И за крај, како што веќе сигурно ви е познато, избегнувајте ја сината светлина од електричните уреди пред спиење.
М. М. | Црнобело