Митови за укажување прва помош, на кои е време да заборавите

Можеби сте учеле уште од многу одамна како да укажете некому прва помош во итен случај, но тоа не значи дека секогаш ќе помните.

mitovi-za-ukazhuvanje-prva-pomosh-na-koi-e-vreme-da-zaboravite-01.jpg

Можно е многу работи да сте заборавиле или пак погрешно да сте ги научиле, посебно ако сте учеле од повеќе различни места.

Како за многу други работи, така и за ова постојат митови во кои се верува, а всушност не се точни.

Ако сакате да знаете како некому да помогнете, не ги правете овие грешки произлезени од митови:

Мит бр. 1: Изгореницата се мачка со маст

Многумина од нас се учени уште од мали дека кога ќе се изгориме треба да намачкаме посебна маст за да помине.

Но, тоа не ѝ дозволува на изгореницата да оздрави и всушност, за да се справите со овој проблем, треба да го држите изгореното место под вода 15-20 минути.

Колку и да звучи чудно, така изгореницата ќе се засуши до следниот ден, а потоа може да намачкате маст за смирување на раната.

mitovi-za-ukazhuvanje-prva-pomosh-na-koi-e-vreme-da-zaboravite-02.jpg

Мит бр. 2: Мора да го тргнете од патот повредениот пешак

Ова не треба да го правите, бидејќи веројатно ви е познато дека може да направите сериозни оштетувања на ‘рбетот на повредениот.

Затоа, кога не знаете како, подобро е да го оградите местото најдобро што можете за автомобилите кои поминуваат да можат навреме да ве заобиколат, додека вие барате помош.

mitovi-za-ukazhuvanje-prva-pomosh-na-koi-e-vreme-da-zaboravite-03.jpg

Мит бр. 3: Апчиња кои не може да наштетат и сите ги користат

Ако човекот е во несвест, не треба да прима никакви лекови, дури и ако е нешто што друг може да го пие секојдневно без проблем.

Секој човек различно реагира и можеби има алергија на некои состојки. Подобро е да почекате доктор, наместо сами да препишувате лекови.

mitovi-za-ukazhuvanje-prva-pomosh-na-koi-e-vreme-da-zaboravite-04.jpg

Мит бр. 4: Треба да му понудите на повредениот пијалак, бидејќи мора да се смири

Употребата на алкохол како анестетик е само мит. Алкохолот само може да го зголеми крвавењето и да предизвика интоксикација на веќе ослабениот организам.

mitovi-za-ukazhuvanje-prva-pomosh-na-koi-e-vreme-da-zaboravite-05.jpg

Мит бр. 5: Мора да помогнете по секоја цена

Независно колку тажно можеби звучи, не секогаш мора да помогнете. Прво, мора да го процените ризикот за себеси.

Ако постои, мора да ги направите условите безбедни. Ако не можете да ја отстраните опасноста, префрлете се на безбедно место и побарајте професионална помош наместо самите да си го ризикувате животот.

mitovi-za-ukazhuvanje-prva-pomosh-na-koi-e-vreme-da-zaboravite-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
8 знаци кои укажуваат на проблеми со менталното здравје кај жените (и зошто се посклони на нив) Женскиот мозок и начинот на којшто се третирани во општеството се едни од фактор...
Митови за дебелеење во менопауза во кои не треба да верувате (и како да ослабите) Дебелеењето во менопауза е честа појава кај жените, најчесто предизвикано од хор...
Аневризма на мозокот - како да ја препознаете и кои се последиците ако пукне? Премногу силна главоболка е првиот знак за аневрзима на мозокот. На пациент со п...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам ни да ја погледнам ќерка ми – дали имам постпородилна де... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg