Зошто во зима се разболуваме почесто?

Во зимскиот период вирусите се многу поотпорни, а нашиот имунитет е намален, па резултатот е почести настинки.

zoshto-vo-zima-se-razboluvame-pochesto-01.jpg

Факт е дека во студените месец се разболуваме почесто отколку во топлите, но дали е вистина и дека токму студот е виновникот?

И покрај стереотипот студ = настинка, не треба да заборавите дека настинките всушност се предизвикани од вируси. Па, така дури и да „смрзнете“ од студ тоа не значи дека ќе се разболите.

Причини зошто во зима се разболуваме почесто:

1. Во овој период дехидрацијата на носната лигавица дозволува патогените бактерии лесно да влезат во нашето тело. Природната заштитна бариера е намалена.

2. Кусите зимски денови не само што влијаат на нашето расположение, туку влијаат и на лачењето на витаминот Д, кое е намалено поради намаленото ниво на сончеви зраци. Недостигот на овој витамин води до слабеење на имунитетот.

3. Ладното предизвикува крвните садови да се стеснуваат што ги прави побавни белите крвни зрнца, кои се главни борци со вирусот. Како резултат на тоа имаме намален имунитет.

4. На ниските температури надворешноста на вирусите се зајакнува и го штити вирусот како школка и со тоа тој се шири полесно. На повисоки температури школката станува слична на гел и со тоа вирусот е поранлив.

За да ја спречите појавата на вируси:

Минувајте повеќе време на отворено.

zoshto-vo-zima-se-razboluvame-pochesto-02.jpg

Одржувајте ја хигиената во домот.

zoshto-vo-zima-se-razboluvame-pochesto-03.jpg

Јадете здрава храна.

zoshto-vo-zima-se-razboluvame-pochesto-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најопасните вируси со коишто се соочило човештвото (и дали има лек) Сигурно ви е познат вирусот SARS-CoV-2 кој е причина за пандемијата од 2019 годи...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Како се пренесува птичјиот грип и колку е опасен за луѓето? Птичјиот грип е болест која е присутна кај птиците, но може да се пренесе и на л...
Херпес на уста - Зошто се појавува и како да го третирате? Откако ќе се зарази со вирусот, личноста ќе го носи во себе до крајот на својот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg