Предмети кои се полни со токсини и се опасни по здравјето, а сите ги имаме дома
Пластични садови за складирање храна
Во што е опасноста: Многу пластични садови се направени од хемикалии како фталати кои влијаат штетно на ендокриниот систем во телото, репродуктивниот систем и предизвикуваат висок крвен притисок.
Што може да направите: Ако постои можност, преферирајте стаклени или керамички садови, или одберете садови од полиетилен или полипропилен (означени со броеви 2, 4 и 5) и никогаш не ја загревајте пластиката.
Пластични шишиња
Во што е опасноста: Токсичните материи може да влезат во вашиот пијалак и иако сега многу шишиња се прават без „бисфенол А“, сепак тоа не е единствената штетна хемикалија.
Што може да направите: Повторно, обидете се да користите пластични или шишиња од челик, а во пластичните барајте код (PP или број 5).
Завеси за во бања
Во што е опасноста: Фталати исто така се користат и за да ја омекнат пластиката која е дел од завесите за во бања. Тоа им штети на децата, влијае не функцијата на мозокот и на меморијата.
Што може да направите: Бирајте завеси од нетоксична пластика или дајте им приоритет на природните материјали (памук, бамбус), како и на стаклените прегради.
Џојстик
Во што е опасноста: Во каблите на џојстикот се наоѓаат фталати како и други штетни материи, кои штетат на развојот на мозокот.
Што може да направите: Не претерувајте со забавување со електронски уреди и максимално избегнувајте ги.
Средство за дезинфекција на раце
Во што е опасноста: Триклосанот е широко употреблив за уништување на микроби и се наоѓа речиси секаде – од пасти за заби до средства за дезинфекција на раце. Тоа може да предизвика хормонални проблеми.
Што може да направите: Избегнувајте антибактериски производи и користете обичен сапун кој секако ќе ги убие повеќето од бактериите.
Ако се решите сепак за антибактериско средство, одберете такво со повеќе алкохол кој не содржи триклосан.
М. М. | Црнобело