Предмети кои се полни со токсини и се опасни по здравјето, а сите ги имаме дома

Можеби добро се грижите за вашето здравје, односно се храните правилно и редовно практикувате физичка активност, но сепак постои нешто за што не сте ни свесни, а му штети на здравјето.

10-predmeti-koi-se-polni-so-toksini-i-se-opasni-po-zdravje-a-site-gi-imame-doma-01.jpg

Доколку сепак имате проблеми и покрај добриот начин на живот, она што можеби го пропуштате е вашето домаќинство и секојдневните предмети во него.

Можеби звучи лудо, но некои од нив сoдржат многу токсини кои се штетни по здравјето, па треба да бидете внимателни.

Погледнете кои работи во домот се штетни за вас и како да го зачувате вашето здравје:

Иверица

Во што е опасноста: Иверицата и пилевината, залепени заедно со уреа формалдехидни смоли претставуваат отров кој го напаѓа респираторниот тракт, очите и може да предизвика сериозни болести како рак кај животните.

Ризикот се зголемува ако мебелот е стар, бидејќи новиот мебел е регулиран со други стандарди.

Што може да направите: Проверете ги сертификатите на производите. Според Европските стандарди, дрвените материјали мора да бидат класа не повеќе од Е1.

10-predmeti-koi-se-polni-so-toksini-i-se-opasni-po-zdravje-a-site-gi-imame-doma-02.jpg

Тепих

Во што е опасноста: Лепилата и боите кои се користат во правењето теписи, испуштаат испарливи органски соединенија кои може да предизвикаат главоболки, алергии, замор и сл.

Што може да направите: Ако купувате нов тепих, дајте им предност на природните материјали. Избегнувајте големи теписи за да може полесно и потемелно да ги чистите.

10-predmeti-koi-se-polni-so-toksini-i-se-opasni-po-zdravje-a-site-gi-imame-doma-03.jpg

Ласерски принтер

Во што е опасноста: Истражувањата покажале дека ласерските принтери испуштаат во воздухот многу мали парчиња од тонерот кои влегуваат во белите дробови.

Како резултат на тоа, се појавуваат различни белодробни и кардиоваскуларни заболувања.

Што може да направите: Ако мора да имате ласерски принтер во домот, ставете го во просторија која постојано се проветрува.

10-predmeti-koi-se-polni-so-toksini-i-se-opasni-po-zdravje-a-site-gi-imame-doma-04.jpg

Шише за бебиња

Во што е опасноста: Поликарбонатска пластика е најчестиот материјал за овој тип на производи.

Пластиката направена со користење на хемикалија наречена „бисфенол А“ има структура која е многу слична на естрогенот, па затоа е наречена „уништувач на хормони.“ може да предизвика сериозни хормонални наршувања во детското тело.

Што може да направите: Барајте шишиња направени од безбедни материјали и проучете го составот пред купување.

10-predmeti-koi-se-polni-so-toksini-i-se-opasni-po-zdravje-a-site-gi-imame-doma-05.jpg

Душек

Во што е опасноста: Многу душеци имаат високо ниво на полибромиран дифенил во составот, а здравствените проблеми поврзани со зголемено ниво на ПБДЕ вклучуваат мозочни оштетувања, намалена репродуктивна функција и проблеми со тироидата.

Што може да направите: Старите душеци најверојатно содржат штетни материи, па ако не сте го промениле долго време, сменете го со нов и дајте им предност на производи направени од природни органски влакна.

10-predmeti-koi-se-polni-so-toksini-i-se-opasni-po-zdravje-a-site-gi-imame-doma-06.jpg

Уште 5 работи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg