8 методи за ослободување од стресот според психолозите

Минете со прстите неколку пати врз вашите усни или пак еден час правете само работи што ги обожавате.

8-metodi-za-osloboduvanje-od-stresot-spored-psiholozite-001.jpg

Не постои човек кој не доживува неуспеси, падови и стравови, па токму затоа мора да научите како да се справувате со нив со леснотија.

Наместо да ги грицкате ноктите од стрес, вие обидете се да ги тргнете мислите од проблемите и да се релаксирате.

Психолозите предлагаат неколку трикови за ослободување од стресот:

Запишувајте сè што ќе ви падне на ум

За да се ослободите од стресот треба да запишувате мисли, ситуации, врски со луѓе, идеи за работа. Ова е ефективен и креативен процес кој ќе ве оттргне од проблемите.

Ќе ја убиете тензијата, главата ќе ви биде чиста, а на вашата идеја, мисла, ситуација ќе и направите добра структура. Потоа ќе ги гледате работите од нова перспектива.

8-metodi-za-osloboduvanje-od-stresot-spored-psiholozite-01.jpg

Подгответе јадење со строго одбрани состојки

Кога сте нервозни направете си некое ново, здраво и убаво јадење. Излезете во маркет и долго и детално одбирајте ги продуктите што ќе ги искористите.

Потоа фрлете се на сечкање, готвење и сервирање со задоволство. Со крајниот резултат можете дури и да им се пофалите на пријателите. Задоволството ќе биде големо, а вие ќе заборавите на стресот.

8-metodi-za-osloboduvanje-od-stresot-spored-psiholozite-02.jpg

Ангажирајте ги мускулите

По секоја силна тензија, доаѓа силна релаксација. Затоа 10 секунди стегнете ги мускулите, а потоа 20 минути концентрирајте се на тоа како тие се опуштаат и ќе ве обземе чувство на релаксација.

Користете вакви куси вежби за разни мускулни групи и веднаш ќе го почувствувате ефектот.

8-metodi-za-osloboduvanje-od-stresot-spored-psiholozite-03.jpg

Реагирајте соодветно или не реагирајте воопшто

Најдобро е да не се борите со стресот, туку комплетно да го избегнете. Бидејќи животот е непредвидлив и не можете да се изолирате, ова можете да го постигнете со вашата реакција.

Смислете си некое мото кое ќе си го кажувате во стресни ситуации: „Не можам да ја променам ситуацијата, но можам да ја променам мојата реакција на тоа.“ Позитивната реакција на негативен настан ќе ви помогне да го избегнете стресот.

8-metodi-za-osloboduvanje-od-stresot-spored-psiholozite-04.jpg

Сопрете го текот на мислите

Мора да научите како да ги исфрлате негативните мисли од главата. Плеснете со рацете и викнете: „Доста! Ќе размислувам за тоа подоцна“ или само штипнете се за раката за да си го одвлечете вниманието од реката негативни мисли во вашата глава.

Штом го прекинете циклусот и го префрлите вниманието на нешто друго, тензијата ќе исчезне.

8-metodi-za-osloboduvanje-od-stresot-spored-psiholozite-05.jpg

Посветете си еден час на вашето омилено задоволство

Дел од денот посветете си само на правење работи што ги сакате. Можеби е тоа прошетка во парк или читање книга, важно е да ве прави задоволни.

Барем еден час само за себе, без работа, без одговорности и негативни мисли и вашето расположение ќе се подобри.

8-metodi-za-osloboduvanje-od-stresot-spored-psiholozite-06.jpg

Стимулирајте ги нервите

Чуден, но ефикасен метод на релаксација од стрес е неколку пати со вашиот показалец да минете преку усните.

Ова движење влијае врз нервите на површината на усните, го стимулира нервниот систем и прави да се смирите бргу.

8-metodi-za-osloboduvanje-od-stresot-spored-psiholozite-07.jpg

Направете нешто продуктивно

За да ги оттргнете мислите од проблемите направете нешто продуктивно.

Волонтирајте во некоја организација, помогнете некому, исчистете го домот, купете им нешто на пријателите или средете ги старите албуми.

8-metodi-za-osloboduvanje-od-stresot-spored-psiholozite-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg