Колеги кои кашлаат и непроветрен простор: Како да се изборите со канцелариските настинки и вирози?

Работата со многу колеги некогаш може да биде вистински предизвик, особено во време кога владеат настинки и вирози. Дополнително отежнува и централната климатизација/греење, која што најчесто е поставена во канцелариите.

kolegi-koi-kashlaai-i-neprovetren-prostor-kako-da-se-izborite-so-kancelariskite-nastinki-i-virozi-01.jpg

Во студените денови концентрацијата на бактерии во работниот простор се зголемува поради тоа што ретко се проветрува, па многу е веројатно да се заразите.

Сепак, секогаш постои начин како да се заштитите и успешно да ги избегнете вирусите и бактериите. Неколку навики ќе ви помогнат во тоа:

- Кога користите фиксен телефон, кафемат, заеднички работни површини, задолжително измијте ги рацете.

- Направете дезинфекција на своето биро, тастатурата и маусот со марамчиња за дезинфекција.

kolegi-koi-kashlaai-i-neprovetren-prostor-kako-da-se-izborite-so-kancelariskite-nastinki-i-virozi-3.jpg

- Многу вработени доаѓаат на работа и кога се болни, па најдобро е да го намалите контактот со нив, освен ако е неопходен. Посоветувајте ги да земат боледување или неколку дена одмор додека да оздрават.

- Секогаш имајте при рака таблети, витамин Ц и имуностимулатор. Најдобро е редовно да ги користите уште пред сезоната.

kolegi-koi-kashlaai-i-neprovetren-prostor-kako-da-se-izborite-so-kancelariskite-nastinki-i-virozi-1-5.jpg

- Избегнувајте ги кваките, особено во тоалетите. Отворајте ја вратата со хартиено марамче и веднаш фрлете го во ѓубре. Не го допирајте лицето и задолжително купете гел за дезинфекција на раце.

- Доколку кивате, користете марамче, а доколку ставате рака на уста, веднаш потоа измијте си ги рацете со сапун.

kolegi-koi-kashlaai-i-neprovetren-prostor-kako-da-se-izborite-so-kancelariskite-nastinki-i-virozi-4.jpg

- Во овој период од годината навистина е многу важно да пиете течности, витамини, чаеви, но и да ја користите паузата на работа за да излезете од канцеларискиот простор.

С. У | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg