6 навики кои се штетни за стапалата

Стапалата се важен дел од човечкото тело, иако на нив некако не посветуваме доволно внимание.

6-naviki-koi-se-shtetni-za-stapalata-01.jpg

Проблемите поврзани со стапалата може да укажуваат на разни здравствени проблеми, па затоа треба правилно да се грижиме за да ги заштитиме.

Прочитајте кои секојдневни навики што ги правите штетно влијаат на вашите стапала:

Носење ист број на сите обувки

Бројот на обувки треба да биде различен за спортските обувки (патики), високите потпетици или ниските чевли.

Обично, патиките треба да бидат покомотни за да може кожата да диши и да има простор стапалото да се движи, додека другите обувки треба да бидат сосема точни.

Внимавајте да не бидат претесни за да не предизвикаат болки и оштетување на ноктите на палците.

Долго трчање со нови патики

Кога купувате нови патики за трчање, не трчајте долго првиот пат кога ќе ги облечете.

Исто е и со сите нови обувки. Потребно е време постепено да се „разгазат“, па не поминувајте многу време во нив на првото облекување.

6-naviki-koi-se-shtetni-za-stapalata-dolgo-trcanje.jpg

Неправилно сечење на ноктите

Ако имате проблеми со нокт кој ви сраснува во месото на прстите, никако не експериментирајте сами.

Посетете стручно лице кое ќе го исече ноктот со стерилни алати на правилен начин.

Често носење на ниски обувки

Многу жени постојано носат ниски обувки бидејќи се удобни.

Но, ниските обувки прават поголем притисок на стапалата и тоа може да предизвика болка, отоци и други проблеми.

6-naviki-koi-se-shtetni-za-stapalata-03.jpg

Носење на износени обувки

Обувките кои веќе ја изгубиле формата не треба повеќе да ги носите.

Тие можат да влијаат на формата на стапалата и да предизвикаат проблеми со ‘рбетниот столб и коските на целото тело.

Трчање без чорапи

Чорапите ја впиваат влагата, штитат од отоци и плускавици и му даваат дополнителна потпора на стапалото.

Затоа, додека трчате, задолжително облечете чорапи пред да ги ставите патиките.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Знаци дека имате висок шеќер во крвта (и не смеете да ги игнорирате) Ако постојано сте жедни, уринирате почесто, имате заматен вид и главоболки,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg