Совети пред почеток со диета
Ако не сте задоволни со својот изглед заради вишокот килограми, последен момент е да преземете нешто, во врска со прашањето на својот...
...изглед пред да отидете на одмор.
Диетата започнете ја што побрзо, но пред тоа прочитајте ги овие совети и обидете се да се придржувате кон нив.
1. Одберете диета што ќе биде во согласност со вашите вообичаени навики, потреби и куповна моќ.
Ако сте љубител на свежо овошје, дури и на калорично како што е бананата или грозје, тогаш одберете диета во која овие производи се дозволени.
Или, откажете се од диета со јајца, ако не сакате јајца.
Исто така е важно да ги избегнувате диетите во кои се застапени производи со егзотично овошје и зеленчук, како манго, папаја и авокадо, бидејќи ќе дојдете во ситуација да се откажете од диетата бидејќи споменатите производи се скапи и тешко достапни.
2. Не почнувајте со диета додека сте под стрес.
3. Од дома исфрлете ги сите производи што може да ве доведат во искушение: чоколада, колачи, грицки, колбаси, кашкавал и други пикантерии познати по огромната калорична вредност.
4. Секогаш кога ќе се фатите за фрижидерот со намера да го опустошите, присетете се на ситуација кога вишокот тежина ви пречела: кога не сте можеле да го облечете омилениот фустан или кога цело лето сте го поминале во едноставна црна облека која ги затскрива килограмите.
5. На вратата од кујната или на фрижидерот залепете своја фотографија од времето кога сте биле витки или, уште подобро, фотографија од маж/жена кој/а со години успева да ја сочува виткоста како да има 20 години.
6. Во двојка е се полесно, па и држењето диета. Доколку вашата најдобра пријателка, маж или момче исто така се одлучат за диета - на сите ќе ви биде полесно.
Секоја диета оди во комбинација со редовно вежбање, па затоа ви препорачуваме да вежбате со Кондиционен Тренер.
Повеќе информации може да најдете на: www.kondicionentrener.com