Зачинета храна и многу супи: Здрави навики од различни земји во светот
Сите земји си имаат свои навики и начин на живот кој функционира за нив. Добро е кога можеме нешто да научиме и да прифатиме како корисно и за нас.
Додавање зачини во храната и често јадење супа се само дел од здравите навики кои ги применуваат луѓето во различни земји во светот.
Во продолжение, прочитајте уште неколку интересни правила за здрав живот:
Бразил - свежи намирници
Во Бразил, луѓето најчесто јадат свежо овошје и зеленчук: манго, папаја, моркови, целер, како и месо и непреработена храна. Исто така, тие најчесто јадат во друштво бидејќи така побрзо се заситуваат.
Франција - квалитетна храна во мали порции
За французите, нема „забранети“ намирници. Тие јадат сирења, кашкавали, леб и слатки, но во ограничени количини. Внимаваат порциите да бидат мали, но со квалитетни намирници.
Кина – многу зеленчук и зелен чај
Кинезите во својата исхрана вклучуваат многу зеленчук и риба, а на нивното мени речиси секој ден се зеленчуковите супи. Едни од основните намирници на Кинезите се зелен чај и ориз. Тие јадат бавно и контролирано и воопшто не се оптоварени со броење калории.
Индија – зачинета храна
Индијците веруваат дека зачините го подобруваат вкусот на секое јадење, па така за нивната кујна карактеристични се зачини како шафран, ѓумбир, кари, куркума и слично. Освен што го подобруваат вкусот, дел од овие зачини се корисни и за зајакнување на имунитетот.
Шпанија – здрави ужинки
Во Шпанија е популарна медитеранската исхрана која се базира на риба, овошје, маслиново масло и слично. Шпанците сакаат за ужинка да јадат овошје и зеленчук и ретко консумираат пржена храна.
Шведска – исхрана богата со млечни производи
Швеѓаните не користат многу овошје и зеленчук во исхраната, но затоа консумираат многу млечни производи. Во Шведска речиси и да нема луѓе со прекумерна тежина, а тоа се должи на внесот на калциум и влакна кои ги има во млечните производи.
М. В. | Црнобело