Зошто не треба да спиете кога авионот полетува или слетува?
Многу луѓе мислат дека спиењето во авион е безбедно и одвај чекаат да влезат и да се опуштат за време на летот.
Но, најновото истражување кое го спроведе американскиот сајт за информации поврзани со здравјето MedlinePlus, покажа дека не се препорачува да спиете додека авионот полетува и слетува.
За време на полетувањето и слетувањето, воздушниот притисок во авионот нагло се менува поради промена на алтитудата. Оваа промена влијае на притисокот во ушите и создава вакуум во евстахиевата туба – ушната цевка која го поврзува средното уво со грлото.
Кога спиеме, ушите се блокирани и не можеме да го намалиме притисокот. За време на полетувањето и слетувањето, важно е да сте будни и да обидете да се опуштите за да можат ушните цевки да се испразнат од воздухот. Во спротивно, може да дојде до крвавење од ушите, вртоглавица, несвестица или проблеми со слухот.
За ушите да не затнат, пијте повеќе вода или џвакајте гума за џвакање. На тој начин, се ослободува повеќе плунка и почесто голтате, па ушните цевки ќе останат отворени за време на летот.
М. В. | Црнобело