Проблеми со нозете кои не треба да ги игнорирате
Напорна работа, лоша или слаба исхрана, или промена на време и притисок, може да предизвикаат проблеми и болки во стапалата и нозете.
Понекогаш, тоа е обично отекување и брзо поминува, но некои посериозни ситуации и проблеми во нозете, може да ја влошат ситуацијата.
Дознајте во кои случаи проблемите со нозете не се за игнорирање и што може да значат:
1. Проблеми со бубрезите
Ако бубрезите не работат правилно, вишокот течности во телото не можат да се исфрлат. Тоа може да предизвика сериозни проблеми.
2. Проблем со протокот на крв од екстремитетите
Во оваа ситуацијата крвта од екстремитетите кон срцето тече со потешкотии. Ова се случува кога срцевите залистоци се слаби и оштетени. Тоа предизвикува отекување кај зглобовите и е проследено со пигментација.
3. Проблеми со срцето
Во овој случај, една или две срцеви комори работат послабо и затоа крвта се собира во долните екстремитети.
4. Тромбоза
Отечените нозе исто така може да бидат знак за венска тромбоза што е многу сериозен проблем.
5. Проблеми со црниот дроб
Ако црниот дроб не работи нормално, екстремитетите ќе почнат да отекуваат и ќе се појават траги од испукани капилари.
6. Проблеми со тироидната жлезда
Состојбата на нозете може да помогне во детектирање на проблеми со тироидната жлезда. Овие симптоми укажуваат на тоа.
Секако, не мора да значи дека доколку имате некои од овие симптоми, имате и сериозен проблем, но доколку се случува почесто, добро е да посетите лекар и да бидете сигурни.
М. М. | Црнобело