Последици од компјутерите
Работниот ден е незамислив без употреба на компјутер. Освен тоа, го користиме и надвор од работното време – за сурфање, гледање филмови...
...играње игри – опциите се бројни.
Нашиот живот е едноставно невозможен без компјутери. Но, зголемената употреба си носи со себе и последици. Многу луѓе не се свесни за последиците па можеби е време да се замислиме.
1. Очите. Кога гледате во екранот повеќе се напрегнуваат отколку кога читате книга или шетате во природа.
Честа појава се солзите или суви очи. До тоа доаѓа затоа што трепкаме помалку додека работиме.
Почетниот умор може да доведе до чувство на пецкање, главоболка и замаглен вид.
2. Раменици и врат. Кривото седење, погрешен избор на столче или маса.
Повремените болки може да водат до хронични болки, а по многу години и до благи деформации на нашето држење.
3. Прсти и раце. Можеби изгледа смешно, но нивното постојано користење знае да доведе до пецкање и трнење.
Тоа се случува заради постојано користење на нервот кој ја контролира работата на нашите прсти.
4. Социјалната компонента. Интернетот ни нуди сајбер пријателства и социјални мрежи.
Колку и да ни ја олесна комуникацијата толку и не раздвои од пријателите и секојдневните дружби.