Справете се со потењето
Топлото време и високите температури предизвикуваат лесно потење кај сите. Во моментот на лачење, кога ќе стигне на површината – потта нема мирис.
Непријатниот мирис настанува дури кга потта ќе дојде во допир со бактериите на кожата.
Ако се потите во нормална количина, доолно е редовно миење и туширање, како и употреба на дезодоранс еднаш до два пати во 24 часа.
Кај некои луѓе доаѓа до хиперхидроза, појава на прекумерно потење.
Причините за засилено потење се последица на зголемено лачење на потните жлезди како резултат на високите температури, стрес или емоционално возбудување.
Немојте да користите пресилни сапуни и средства за перење затоа што на површината на кожата тие го уништуваат заштитниот кисел слој, со што кожата останува незаштитена и чувствителна на микроорганизмите.
Употребувајте благ, неутрален и антисептички сапун кој спречува размножување на микроорганизми, но не го оштетува површинскиот слој на кожата.