8 знаци кои покажуваат дека сте дехидрирани
Понекогаш телото може на суптилен начин да покажува дека има недостаток на течности.
Пиете помалку вода отколку што лачите пот, или пак во полоши случаи ова може да се манифестира и преку дијареа или повраќање, а тоа лошо влијае на телото.
Многу често не сте ни свесни дека се работи за дехидрирање, па ги игнорирате овие знаци мислејќи дека се поврзани со нешто друго.
Но, посебно во топлите денови на телото му е потребно многу повеќе течност, па добро би било да не ги игнорирате овие симптоми:
1. Премногу сте жедни
Кога на вашето тело му фалат течности, бубрезите очајно „бараат помош“. Како одговор на тоа, мозокот предизвикува реакција на жед, а тоа ве води кон потреба да наполните чаша вода и да го решите проблемот.
2. Вашиот апетит мистериозно исчезна
Иако нема посебно објаснување за ова, според некои доктори, благата дехидратација може да предизвика гадење и го намалува апетитот за храната коај обично ја сакате. Па затоа пред да го прескокнете ручекот во топол ден бидејќи немате апетит, напијте се чаша вода и видете дали тоа ќе се промени.
3. Наеднаш се изморувате
Ова функционира како заштитен механизам – кога телото нема доволно вода, тоа е како мозокот да чувствува дека нешто не е во ред и ви кажува да одморите за да го намалите ризикот од губење на уште вода, на пример преку потење.
4. Главата ви „ѕвони“
Експертите немаат точно објаснување за тоа зошто дехидратацијата предизвикува главоболка, но знаат дека речиси сите делови од телото (како мозок, нерви или синуси) кои можат да создадат главоболка, се потпираат на правилниот баланс на вода за правилно функционирање.
5. Ретко мокрење
Кога имате недостаток на течности, мозокот им пренесува на бубрезите да ги штедат постоечките, па затоа многу поретко имате потреба да мокрите.
6. Мокрачата е со темно жолта боја
Кога сте дехидрирани, вашите бубрези се обидуваат да задржат колку што е можно повеќе течност во телото, без да ја попречат нивната функција – да ги исфрлат штетните материи од телото. Тоа носи до концентрирана мокрача со темна боја и понекогаш лош мирис.
7. Дијареа
Со оглед на тоа што потечната столица може да предизвика губење на уште повеќе течности од телото од вообичаено, тоа може да доведе до дехидрација.
8. Вашата кожа ја губи еластичноста
Кога телото ви е дехидрирано, не се соочувате само со внатрешни последици. Кожата исто така ја губи својата еластичност бидејќи има помалку вода во неа и затоа е повкочанета.
М. М. | Црнобело