Избегнувајте ги: 5 грешки кои го забавуваат метаболизмот
Постојат навики кои ги правиме секојдневно, а не сме свесни дека може да ни наштетат на организмот. За жал, немаме сите метаболизам кој брзо ја вари храната, па брзиот метаболизам е нешто што сите сакаме да го постигнеме колку што е можно.
Избегнувајте ги следниве 5 грешки со кои наштетувате на организмот без да знаете:
За појадок јадете овесни снегулки или печиво
Добро е што појадувате наутро, но за да го зајакнете организмот потребни ви се протеини на стартот на денот. Потребно е повеќе енергија за варење на протеините отколку јаглехидратите, а поволно делуваат и на зајакнување на мускулите.
Решение: Додадете 20 грама протеини во појадокот – количина која одговара на една шолја јогурт со ниска масленост.
Пиете кафе без кофеин
Кофеинот го стимулира централниот нервен систем и го забрзува метаболизмот за 15% за само три часа. Кафето уште и го намалува ризикот од кардио-васкуларни проблеми и дијабетес.
Решение: Консумирајте кофеин, освен ако не ве прави нервозни. Ако имате киселини во стомакот, одберете кафе со помалку кофеин.
Не сте гладни после тренинг, па не јадете ништо
Тренинзите и физичките активности ги исцрпуваат мускулите, а внесувањето на вистинските хранливи состојки пред и по тренинг многу влијаат на организмот.
Решение: Наполнете ги батериите со мешавина од 10-15 грама протеини и 15 грама јаглехидрати.
Секој ден станувате во исто време, но за викенди спиете подоцна
Само една ноќ без сон е доволна за да се измести ритамот на организмот и да се забави метаболизмот. Затоа е важно да спиете приближно исто секоја вечер.
Решение: Потрудете се, колку што можете, секоја вечер да легнувате во исто време и наутро да станувате во исто време.
Пиете многу малку вода
Ако напладне сфаќате дека сте испиле само една чаша вода, значи дека веднаш треба да го зголемите внесот на вода во организмот. Хидратацијата игра клучна улога за процесите во метаболизмот, па затоа е важно да не останувате жедни подолго време.
Решение: Светложолта боја на урината укажува дека пиете доволно вода, па тоа е еден од начините да проверите дали внесувате доволно течности. Пробајте и да ставате аларм како потсетник дека треба да се напиете чаша вода.
М. В. | Црнобело