3 клучни знаци кои покажуваат дека имате алергиска реакција

Алергиите се многу честа појава, а нејзините симптоми понекогаш се исти со оние на настинката.

3-kluchni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-imate-alergiska-reakcija-01.jpg

Тоа спречува да го третираме проблемот како алергиска реакција и може да предизвика поголеми воспаленија.

Затоа, доколку не можете да направите разлика и да препознаете кога се работи за алергија, прочитајте ги овие знаци за да може да реагирате навреме:

1. Симптоми слични на настинка

Ако забележите дека постојано кашлате, тоа може да биде знак за алергија. Во случај на настинка, со кашлањето доаѓа и болно грло и воспаление. Ако овој симптом не е присутен и немате проблем со грлото, тогаш кашлањето може да биде предизвикано од алергенска супстанца.

2. Црвенило на кожата

Во период на летните денови, нормално е да помислите дека црвенило на кожата не е ништо друго освен убод од комарец што предизвикува чешање и црвенило. Но, важно е да запомните дека дури и комарецот може да предизвика алергиска реакција.

Исто така, треба да внимавате на деловите од телото кои облеката ги допира – ако имате црвенила во тој предел, тогаш можеби вашата кожа реагира на некој материјал или средство за перење кое го користите.

3-kluchni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-imate-alergiska-reakcija-02.jpg

3.Чешање на очите, отечени очни капаци

Една од најчестите алергиски реакции е чешањето и солзењето на очите. Ова најчесто се појавува како резултат на контакт со полен или од првутот на миленичињата.

Обрнете внимание на отекувањето на деловите од лицето и телото. Ова може да значи дека сте алергични на некоја храна.

3-kluchni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-imate-alergiska-reakcija-03.jpg


Плус совети:

  • Вашиот доктор ќе може полесно и поконкретно да ја открие причината за вашата алергија ако водите евиденција. Запишувајте ги детално вашите алергиски реакции, во кои услови се појавиле и што сте правеле или јаделе претходно.
  • Секогаш имајте лекови против алергии при рака.
  • Ако вашата алергиска реакција се појавува повеќе од еднаш неделно, дури и откако сте земале медикаменти, посетете доктор.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg