Како да ја намалите тежината преку седење, масажа и туширање?
Дали би сакале да изгубите неколку сантиметри во обем додека едноставно се одмарате?! Ви носиме добри вести. И тоа е возможно.
Постојат алтернативни начини како да гo намалите вишокот килограми, без да одите во теретана или да држите строги диети.
1. Правилно дишење
Основно правило при вежбите за дишење: вдишување и издишување, но не од градите туку од стомакот. За почеток може да практикувате вежби, по 15 минути на ден.
2. Наизменично туширање со топла и ладна вода
Овој метод доаѓа во комбинација заедно со други методи. Промената на температурата на водата при туширање има многу позитивни ефекти. Спречува аритмија, дебелеење, хипертензија и создавање на целулит.
3. Масажа
Во борбата со поткожните масни наслаги, позитивен ефект може да се постигне со масажа. Масажата овозможува да се разбијат масните наслаги, а ја подобрува и циркулацијата. Масажата може да ја практикувате самостојно или во посебни салони.
М. С. | Црнобело