Влијаат ли контрацептивните пилули на квалитетот на живот?

Иако близу 100 милиони жени ширум светот секојдневно пијат апчиња за контрацепција, сепак, за нивното влијание врз здравјето сè  уште не се знае доволно.

nauchnicite-predupreduvaat-vlijaat-li-kontraceptivnite-piluli-na-kvalitetot-na-zhivot-1.jpg

И, додека контрацептивните пилули се одличен метод за заштита од несакана бременост, од друга страна, тие може негативно да влијаат на квалитетот на живот на жената. Барем така тврдат научниците од Институтот Каролина во Шведска.

Во нивното научно истражување учествувале 340 жени на возраст помеѓу 18 и 35 години. На едните им дале плацебо, а на другите апчиња за контрацепција кои содржат етинилестрадиол и левоноргестрел. Жените ги пиеле три месеци.

nauchnicite-predupreduvaat-vlijaat-li-kontraceptivnite-piluli-na-kvalitetot-na-zhivot-2.jpg

Резултатите од истражувањето се објавени во списание за плодноста и стерилноста, а откриваат дека жените кои земале вистински контрацептивни таблети, забележале дека истите лошо влијаат на нивната општа добросостојба, расположението, самоконтролата и нивото на енергија.

Истражувањето покажало дека жените кои пиеле хормонални контрацептиви, имале лошо расположение и намалена енергија. И покрај тоа, тие не го зголемиле ризикот за развој на депресија. Кај жените кои пиеле лажни пилули, пак, ваквите негативни симптоми не биле пријавени.

nauchnicite-predupreduvaat-vlijaat-li-kontraceptivnite-piluli-na-kvalitetot-na-zhivot-3.jpg

- Бидејќи промените во нашето истражување беа релативно мали, резултатите треба да се толкуваат со претпазливост – велат научниците. Додаваат и дека негативните влијанија врз квалитетот на живот кај одделни жени може да бидат клинички важни.

- Во некои случаи, негативните ефекти може да се последица на неправилната примена на пилулите – истакнува д-р Никлас Зетраеус, коавторот на научното истражување. Како и да е, доколку забележите било какви несакани дејства, советувајте се со лекар.

nauchnicite-predupreduvaat-vlijaat-li-kontraceptivnite-piluli-na-kvalitetot-na-zhivot-4.jpg

Не секоја метода на контрацепција е добра за секоја жена. Поради тоа, проверете дали онаа која ја користите е најдобриот избор за вашето тело и немојте да ги занемарувате нуспојавите.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg