4 типови на дебелеење кои не се предизвикани од неправилна исхрана
Зголемената тежина не е некој нов проблем, но она што го откриваме подолу е дека не секогаш е предизвикана од неправилна исхрана.
Па, доколку се пронајдете во некое тело од овие 4 и покрај сите диети ништо не се менува, време е да ја откриете вистинската причина за тоа.
1. Претерана работа на надбубрежните жлезди
Ова може да биде одговор на стресниот живот кој го водите. Претераното лачење хормони од надбубрежните жлезди, меѓу кои и покачениот кортизол, може да доведе до константно подуен стомак.
Симптомите се масни наслаги околу абдоменот и половината, подуен врат и лице, понекогаш дури и раце и нозе, висок крвен притисок, висок шеќер, слабост на мускулите, променливо расположение.
Доколку се сомневате, задолжително посетете го вашиот лекар и обидете се да го намалите нивото на стрес преку медитација или јога.
2. Неправилна работа на црниот дроб
Доколку во работата на црниот дроб има пречки, очекувајте симптоми како зголемен шеќер во крвта, висок крвен притисок и холестерол, алергии, проблеми со кожата и секако - таложење на масти околу абдоменот.
3. Проблеми со тироидната жлезда
Доколку работата на тироидната жлезда е било како попречена, се манифестира во облик на „пивски стомак“. Покрај тоа, ќе забележите замор и слабост во мускулите, дебелеење, губење на косата, забавена работа на срцето, депресија.
Доколку се сомневате, задолжително веднаш реагирајте, бидејќи ова може да биде сериозен проблем.
4. Дебелеење кај жените заради неправилна работа на јајниците
Причината е логична - неармнотежа на хормони. Па, ако без оглед на тоа колку внимавате на исхраната, сепак се дебелеете во пределот на задникот и бутовите, направете преглед. Дополнителни симптоми кои укажуваат на оваа причина за дебелеење се болките во јајниците и претераната желба за слатко и млеко.
М. Д. | Црнобело