Зошто треба да сте оптимисти?
За оптимистите чашата е секогаш полу – полна. Тие ги гледаат опциите и можностите, а не поразите и крајот. Позитивното размислување не влијае само...
...на нашето психичко здравје туку и на физичката состојба.
Зошто е добро да размислувате позитивно?
1. Подобро се справуваме со стресот. Игнорирањето на негативните мисли, ја намалува количината на стрес.
2. Добро е за здравјето. Нашето размислување влијае и на нашето тело.
Ако своето негативно размислување го замените со мир и самодоверба, наместо нервирање, немир и неспокој, телото ќе ви биде благодарно.
Ќе имате помалку проблеми со несоница, со умор и други здравствени проблеми.
3. Повеќе самодоверба. Ако имаме самодоверба, свесни сме за своите можности. Среќни сме со она што сме и кои сме и што можеме да постигнеме.
4. Донесуваме подобри одлуки. Оптимистите донесуваат подобри одлуки и учат од своите грешки.
5. Полесно се фокусираме. Смирен ум полесно ги завршува задачите од ум кој е претрпен со негативни мисли.
6. Повеќе успех. Одредени истражувања покажале дека оптимистите имаат поголем успех во животот од песимистите.
7. Помалку страв. Оптимистите помалку се плашат во животот од песимистите. Полесно се справуваат со обврските и проблемите.