Ослободете се од сувата и напорна кашлица со млеко и жалфија
Како се намалуваат температурите така се намалува и нашиот имунитет, па сè почесто се појавуваат настинките проследени со покачена температура и кашлица.
За да не морате и оваа еден да се борите против досадната кашлица со денови подгответе пијалак од млеко и жалфија која за неверојатно кратко време ќе направи да се чувствувате одлично.
Жалфијата има антиинфламаторно и антибактериско дејство благодарение на етеричните масла кои се содржани во нејзините листови. Тие во својот состав содржат и голем процент на фосфорна киселина, витамин C, B1, P и танин.
За ефикасна борба против сувата кашлица се препорачува да се комбинира со млеко, бидејќи на тој начин го раствора слузот и го стимулира неговото исфрлање, истовремено олеснувајќи го искашлувањето.
За да ја подготвите оваа делотворна напивка потребни ви се 250 mg млеко во кое ќе додадете 1 лажица жалфија и ќе ги варите на тивок оган, сè додека млекото не почне да врие.
Штом млекото зоврие тргнете го настрана и додадете 1 мала лажичка путер, поклопете го со капак и оставете го да отстои 15-ина минути.
Добиената течност процедете ја и додадете 1 мала лажичка мед и 1 мала лажичка куркума (за деца пола лажичка) и убаво измешајте.
Испијте ја течноста навечер половина час пред спиење и бидете сигурни дека нема да има потреба да се будите заради напорната кашлица.
Повторете ја постапката неколку вечери по ред и кажете ѝ збогум на досадната кашлица.
Жалфијата сепак не се препорачува за доилки бидејќи може да ја спречи лактацијата. Исто така со овој пијалак треба да внимаваат и лицата кои се склони на болести на бубрезите и хипотензија.
М. С. | Црнобело