Сладок пилинг за усни
За вашите усни да изгледаат уредно и убаво, и ефектот од балсамот и другите заштитни производи да имаат подобро дејство, препорачливо е...
... од вереме на време да направите пилинг на вашите усни.
Смесата за пилинг можете да ја направите и сами од производите што ги имате во вашата кујна. За да подготвите пилинг од мед потребно ви е една лажица мед и една лажица прашак за пециво. Тоа заедно треба убаво да се промеша и кога ќе се добие убаво припремена смеса се нанесува на усните.
Смесата оставете ја на усните да постои околу 5 минути, а потоа усните измијте ги со млаз млака вода и нанесете
балсам.
За да ја подготвите смесата од сладок пилинг, овој пат помешате една лажица маслиново масло и малку шеќер. Добиената смеса нанесете ја на усните, држете ја неколку минути, а потоа исплакнете со млака вода.
Овие третмани би требало да ги практикувате барем еднаш во неделата, со што ќе добите меки, негувани и привлечни усни.