15 прашања кои ќе ви откријат: Дали сте зависник од шеќер?
Доколку не можете да си го замислите секојдневието без шеќер и благо, и дури и најмалата помисла на тоа ви создава чувство на непријатност, тогаш голема е веројатноста да сте зависник од шеќер.
Научниците веруваат дека шеќерот создава зависност осум пати посилна од зависноста од кокаин.
Некои луѓе се навистина чувствителни, но докажано е дека колку повеќе шеќер внесувавте во организмот, толку е поголема шансата да станете зависни и да внесувате преголеми количини, кои не само што ги надминуваат потребите на организмот туку имаат и штетно дејство врз него.
Штом шеќерот навлезе во вашиот крвоток, тој го стимулира лачењето на хормонот допамин, кој прави да се чувствувате добро и среќно, но тоа е само привремено. Неколку минути подоцна првичното возбудување веќе поминало и вашето тело бара нова доза шеќер.
Следните прашања ќе ви покажат колку сте вие зависни од шеќер и дали е време да направите некакви промени во вашата исхрана. Одговарајте со да или не, искрено и без многу размислување.
1. Дали јадете слатка или масна храна додека не се прејадете?
2. Дали чувствувате глад иако веќе сте изеле цел оброк?
3. Дали можете да изедете голема количина слатки иако не сте посебно гладни?
4. Дали некогаш чувствувате срам заради вашите навики во исхраната?
5. Дали некогаш кога сте вознемирени или тажни, утехата ја барате во јадењето благо?
6. Дали кога се чувствувате лошо ви се потребни многу слатки и чоколади за да се почувствувате подобро?
7. Дали често ви се случува да речете дека ќе изедете неколку коцки чоколадо, а на крајот го јадете цело пакетче?
8. Дали ви е најтешко да се воздржите од храна кога е благото во прашање?
9. Дали ви е тешко да престанете со јадење кога јадете слатки или грицки?
10. Дали навиките на јадење ви пречат во социјалниот живот, работата и физичките активности?
11. Дали сметате дека е невозможно да се придржувате до здрав начин на исхрана?
12. Дали мора да каснете нешто благо после ручекот или вечерата?
13. Дали јадете чоколади и слатки тајно за никој да не знае дека го правите тоа?
14. Ако си пресечете само едно парче торта, дали секогаш се враќате и по второ?
15. Дали станувате уморни и ви е тешко да се сконцентрирате после обилен оброк?
Доколку одговоривте потврдно на 5 или повеќе прашања, голема е веројатноста да сте зависник од шеќер.
Првиот чекор за да ја намалите количината на шеќер во организмот е избегнувањето на вештачките засладувачи. Тие само дополнително ви создаваат чувство на среќа, а вистината е дека навистина се штетни за телото.
Јадете повеќе овошје кое во себе содржи природни шеќери и постепено намалувајте го внесувањето на торти, колачи, грицки и за кратко време ќе забележите како вашето тело се менува.
М. С. | Црнобело