Како да се разбудите порано?
Ако се чувствувате уморни кога наутро ќе ги отворите вашите очи, малку е веројатно дека тоа ќе биде еден од вашите подобри денови. Колку подобро...
...се разбудите толку полесно ќе го победите стресот и секојдневните проблеми. Затоа станете рано!
Во 6 часот наутро организмот почнува да лачи Кортизол, кој е хормон за будење. Неговата концентрација во крвта е максимална во периодот од 7 до 8 часот наутро, така што тоа е идеалното време за станување од кревет.
Но, дури во 9 часот телото почнува да лачи ендорфин, еден вид на природен аналгетик кој го отежнува будењето.
Немојте да скокнете веднаш од кревет кога ќе ви заѕвони вашиот будилник, бидејќи може да ви се заврти во главата.
Организмот за време на ноќта преминува со посмирен режим на функционирање и не е подготвен за нагло станување. Полека отворајте ги очите со цел светлината постепено да ги активира вашите нервни центри.
Со цел да ја избегнете вртоглавицата седнете на крајот од вашиот кревет и останете во таа положба 10 секунди. Потоа добро протегнете се.
Нашиот скелет бил со часови неподвижен и затоа му треба малку време за да ја поврати својата еластичност. Вие, можете да помогнете со раздвижување на зглобовите на рацете и нозете, а да завршите со истегнување на целото тело.