Опуштено: Јога спиење
Доколку имате проблеми со спиењето и/или заспивањето, а по будењето се чувствувате уморно, веројатно сте хронично преоптоварени и уморни...
... што воопшто не претставува реткост со денешниот ритам на живот.
Јога Нидра е една стара техника, попозната како „јога за спиење “ или „свесно спиење“, и која претставува одличен холистички начин за опуштање и подмладување. Јога Нидра овозможува опуштање на целото тело и длабока медитативна состојба на свеста.
Јога Нидра ве води низ еден систематски метод на потполна релаксација, која се однесува на физичките, менталните и духовните потреби. Постојат повеќе техники, од покажување на слики до скенирање на тела, но најважно е да си дадете доволно време – најмалку 20тина минути за квалитетно изведување на вежбите, што ќе ви овозможи релаксирање на целиот нервен систем.
Вежбите се достапни на ЦД и во разни водичи и книги, а исто така можете да учите и од квалификувани учители. А до тогаш, пробајте ја следнава вежба:
Легнете во удобна положба со затворени очи. Следете го дишењето – вдишување и издишување, вдишување и издишување. Почнувајќи од врвот, со секое издишување, речете му на секој дел од вашето тело да се опушти (од опуштање на главата - черепот, чело, очите, образите, усните, вилица, вратот, рамената, рацете итн.).
Поминете го целото тело се` до ножните прсти. Оваа вежба може да се повтори за подобро дејство. Потрудете се да не заспиете, и да останете опуштени и свесни.