Вежби 150 минути неделно
Минималната количина на неделни вежби на телото која е потребна да се одржи кондицијата и здравјето е 150 минути. Како да го распоредите ова време?
30 минути умерени вежби на телото барем 5 дена во неделата некогаш беше стандард за уреден режим.
Моменталниот консензус вели дека вежбањето не треба да се распредели на дневна база.
Ако вашата цел е 150 минути неделно распоредете ги по ваша желба.
Ова е добра вест за оние со збиен распоред. Сега можете со 1 час брзо одење и 1 час интензивен спорт во текот на викендот да ја исполните квотата за здрав живот.
“Не постојат уверливи докази дека 150 минути низ 5 дена се подобри од истото врее за вежбање распоредено на 3 или 4 дена“ изјавува Симон Маршал од државниот универзитет во Сан Диего.
Последните докази покажуваат дека 3 серии од по 10 минути се еднакво добри како 30 минутно вежбање без прекини.
Десет минути е најкраткиот период кој се покажува како ефикасен за телото.