Митови за менопаузата: Што сѐ не е нормално за време на овој период?

Физиолошките промени низ кои жените поминуваат за време на менопаузата се предизвикани од престанувањето на лачење на половите хормони од јајникот – особено естрогенот, а за време на тој период јајниците постепено ја губат својата нормална функција.

mitovi-za-menopauzata-shto-se-ne-e-normalno-za-vreme-na-ovoj-period-001.jpg

Со губењето на менструацијата, жените се соочуваат со други многубројни симптоми кои одеднаш почнуваат да го отежнуваат секојдневието.

Најчесто станува збор за хроничен умор, напнатост и раздразливост, несоница, топлотни бранови, ноќно потење и губење на либидото, но се појавуваат и состојби како урогенитална атрофија, остеопороза, здебелување, кардиоваскуларни болест...

Меѓутоа, менопаузата е дел од животот и со здрав начин на живот секоја жена може да се прилагоди и да има нормален животен ритам.

Мит бр 1: Менструацијата нагло ја снемува

Иако голем дел од жените така го замислуваат тоа, сепак факт е дека поради флуктуација во јајниците, промените во циклусот можат да траат 3-5 години за време на подготовка на менопаузата.

Понекогаш, јајниците работат брзо, а понекогаш бавно, се менува нивото на хормони, па циклусите се скратуваат или стануваат подолги. Исто така, треба да знаете дека просечната старост на која жената влегува во менопауза е 51 година.


Мит бр 2: Сите жени подеднакво ги чувствуваат топлотните бранови

Според неодамна објавена статија од универзитетот во Пенсилванија, околу 3% од жените воопшто не доживуваат топлотни бранови. Исто така, околу 17% од жените за време на менопаузата поминуваат низ благи топлотни бранови, а останатите чувствуваат умерени или силни топлотни бранови.

Истражувањето исто така покажало дека за жал, 15% од жените топлотните бранови ги чувствуваат до крај на животот.

До ден денес докторите не откриле зошто топлотните бранови се појавуваат иако е пронајдена врската помеѓу дел од мозокот кој служи како регулатор на телесна топлина, кој е заслужен за неочекувани топлотни бранови.

Тука, секако и стресот игра улога, а не е лошо да ги споредите симптомите со тие што ги имала вашата мајка – сепак има нешто и во генетиката.


Мит бр 3: Нема начин како да се справите со топлотните бранови

Освен терапија (одлука која треба да ја донесете заедно со вашиот доктор) постојат билни таблети кои можат да ги ублажат сите нус појави на менопаузата.

Плус, топлотните бранови можете полесно да ги преживеете ако се облечете слоевито – така што секогаш ќе бидете спремни и навечер се препорачува да спиете во поладна соба.

Исто така, прескокнете ги топлите пијалаци, бидејќи тие дополнително ќе ве загреат пред да заспиете.


Мит бр 4: Хормонската терапија повеќе е штетна, отколку корисна

Иако не е за секоја жена, сепак на некоја жена терапијата со естроген може да ѝ биде од голема помош. Како што ќе сознаете кога ќе разговарате со вашиот доктор, хормонската терапија со естроген не се препорачува на жени со одредени здравствени состојби бидејќи можат да го зголемат ризикот.

Ако на пример имате проблем со крвните садови, естрогенот може уште повеќе да ви ги затне артериите и да го зголеми ризикот за вашето кардиолошко здравје. Во таквите и во некои други случаи, хормонската терапија не им се препорачува на жените во доцните 50-ти години, особено ако имаат висок холестерол, пушат или имаат историја на семејни болести – како рак на дојка.


Мит бр 5: Менопаузата го уништува либидото

Овој мит е половично точен затоа што не се работи за заспано либидо, туку за проблеми со сувоста на вагината поради опаѓањето на естрогенот. Поради тоа, односот на жените им е многу непријатен, но тоа може да се реши со лубрикант.


Мит бр 6: Менопаузата и вишокот килограми одат рака под рака

Познато е дека со влегувањето во менопаузата килограмите одат нагоре, а уште полесно е да ги наталожите. Менопаузата генерално е животен период во кој жената мора особено да се посвети на здравиот начин на живот – физичка активност и урамнотежена исхрана. Само тогаш килограмите нема лесно да се таложат. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што е синузитис, како се лекува и дали е заразен? Синузитисот е воспаление на синусите и може да биде предизвикан и од вирусни, и ...
Што предизвикува пелтечење кај возрасните и може ли да се надмине? Пелтечењето кај децата кои уште учат да зборуваат не е невообичаена појава, но к...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
10 рани, предупредувачки знаци за мултипла склероза кои е добро да ги знаете Трнење на екстремитетите, проблеми со рамнотежата и замаглен вид… Трнење на е...
Го подобрува расположението и уште 4 придобивки од кромидот Знаевте ли дека кромидот може да делува како природен антихистамин кај некои луѓ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Моите родители се во поодминати години – се плашам за нивната смр... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg