Кога станувањето рано е мака

koga-stanuvanjeto-rano-e-problem-povekjeСтанувањето во рана зора е мака. И експертите го знаат ова, и затоа следеле шеми во спиењето за да откријат зошто е тоа така. Произлегло дека не се работи...

 

...само за местењето на алармот.

Потребен е стратешки план за ресетирање на биолошкиот часовник, со неколку навики во текот на денот.koga-stanuvanjeto-rano-e-problem

Залажете го вашиот внатрешен часовник. Местењето на алармот еден час порано е премногу предизвикувачки за вашиот систем, затоа одете полека. Секои два дена, местете го алармот за 10 минути порано.

Исто така не се потресувајте дека ќе треба порано да си легнете. По неколку дена природно ќе се прилагодите на порано легнување.

Искористете го овој ментален трик. Жените особено имаат тенденција да го претрчуваат ментално денот кога алармот ќе се исклучи, но тоа само ги прави по истоштени и уморни.

Затоа фокусирајте се само на следните 30 минути од вашето време - што ќе појадувате, што ќе облечете и слично.

По неколку утра оваа навика ќе ви стане втора природа.

Испијте ја дозата кафе до 10 часот утрината. Кофеинската доза земете ја веднаш штом ќе станете. Ќе почне да делува во текот на половина час и ќе ве држи цело поладне, затоа што луѓето кои се будат рано се типично најизморени.

Можете да испиете и повеќе, но безкофеинско кафе или некој друг сличен пијалок, но осигурајте се тоа да биде до 10 часот. Така кофеинот веќе ќе биде надвор од вашиот систем додека да дојде време за спиење.

Одете во теретана после работа. Експертите за спиење порано веруваа дека утринската активност е одличен начин да се разбуди телото. Но, всушност идеалното време за вежбање е веднаш по работното време.

Ако вежбате наутро, мозокот тој сигнал за спиење го добива во средината на денот и ве исфрла од вашиот ритам. Затоа направете си рапоред за вежбање во поладневните часови и во право време ќе бидете подготвени за в кревет.

Јадете ги овие работи навечер. Храна што има микс на калциум, протеин, јаглерод- како на пример житарици со млеко, го потикнува сонот.

Ако сте каснале ваква закуска одприлика еден час пред легнување, ќе имате подлабок сон и подобар одмор и ќе се чувствувате многу поспособно следното утро.

 

 

Би можело да ве интересира:

Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
Го намалува стресот и уште 6 потенцијални придобивки од билката ашваганда Ограничен број студии покажале дека користењето ашваганда како додаток во исхран...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Го регулираат крвниот притисок, помагаат при слабеење – Најздравите летни зеленчуци Поради своите состојки, доматите го регулираат холестеролот, добри се за имуните...
Какви болести предизвикува загадувањето на воздухот (и има ли начин да се заштитиме)? Порано се верувало дека загадувањето на воздухот има влијание само врз респирато...
Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg