11 митови за здравјето

11-mitovi-za-zdravjeto-povekjeИ треба ли на проголтаната гума за џвакање седум години за да се преработи во желудникот? Мајките така ги плашат децата, но ни тие не знаат дека се...

 

...потребни само 48 часа. Сакате да чуете уште некој мит?

Што знаат за ’бабините деветини’, чистите измислици и медицинските легенди д-р Арон Керол и д-р Рејчел Вриман од Медицинскиот факултет во Индијана?

Многу. Токму тие ја напишаа и книгата „Don't Swallow Your Gum! Myths, Half-Truths and Outright Lies About Your Body and Health“

Во книгата доаѓаат до низа забавни медицински митови, а New York Times издвои 11:

1. Од ладно ќе се разболиме.

За време на студиите за студот се покажа дека луѓето на кои им е ладно имаат еднакви шанси да се разболат како и оние на кои им е пријатно топло. Зошто тогаш почесто се разболуваме в зима? Можеби затоа што ладното време не задржува подолго во затворени простории кои не се проветруваат, па можноста за зарази е поголема.

2. Зелениот исцедок од носот укажува на воспаление на синусите.

Важноста на бојата е медицински мит во кој веруваат и некои лекари, наведуваат авторите. „Нема докази...дека антибиотиците го скратуваат траењето на болеста кога ќе се појави зелениот исцедок, а ова би требало да важи кај воспалението на синусите“, пишуваат авторите.

11-mitovi-za-zdravjeto

3. Најмногу топлина губиме преку главата.

На главата не постои некаков оџак, температурата ја губиме на сите делови од телото подеднакво. Проблемот е само што главата е најчесто непокриена.

4. Млекото поттикнува создавање на плунка.

Оваа заблуда е најраширена во Америка. Во студијата спроведена на 330 пациенти, скоро 2/3 веруваа дека млекото поттикнува создавање на плунка. Ова не е вистина. Во текот на истражувањете, настинати волонтери пиеле многу млеко. Количината на носниот секрет не се зголемиа кај оние кои пиеле млеко, ниту луѓето кашлаа повеќе или голтаа плунка.

5. Крцкањето на прстите предизвикува артритис.

Крцкањето на прстите нема никакво влијание врз појавата на артритис.

6. Таблетите за контрацепција не делуваат добро ако пиете и антибиотици.

„Поважно е да имате на ум дека таблетите за контрацепција треба да ги пиете секој ден во исто време, отколку да се грижите за антибиотиците“, пишуваат авторите.

7. Самците имаат подобар сексуален живот од оженетите.

А всушност, тие кои се во брак имаат почести полови односи од самците. За време на едно испитување резултатите покажаа дека 43% од оженетите мажи имаат сексуални односи 2 до 3 пати неделно. Истиот резултат го имаа 26% од ергените. Бројките беа нешто пониски, но слични и кај женскиот пол. Венчаните почесто доживувале оргазам и имале орален секс.

8. Шеќерот поттикнува хиперактивност кај децата.

Низа истражувања покажаа дека шеќерот не влијае на однесувањето на децата, но повеќето родители не веруваат во тоа. Во една студија на родителите им е кажано дека децата добиле зашеќерени напивки, па тие почесто се жалеле на однесувањето на своите деца - всушност децата пиеле незашеќерен пијалок.

9. Барем еднаш дневно на шоља.

Полувистина, велат авторите. И човек со одлично здравје не мора да има столица секој ден. Евентуално би требало да ве загрижува ако по голема нужда одите помалку од три пати неделно.

10. Во ред е да се гризне, па да се макне од заедничка чинија.

За време на едно истражување е откриено дека гризнат крекер после 3 до 6 макања во заедничката чинија со доматно пире, сос од сирење, чоколаден сируп и вода, од устата на оној кој го гризнал се пренеле 10.000 бактерии.

11. Ако брзо ја подигнете храната која ќе падне на подот, можете слободно да ја јадете.

Научниците го тестираа овој мит за сигурни 5 секунди на под. По петте секунди поминати на дрвен под храната веќе собира солидна количина бактерии. На тепихот, во споредба со дрвениот под, не се задржале толку многу бацили на храната, но затоа парчињата ткаенина биле во поприличен број.

Би можело да ве интересира:

Природен лек за искашлување секрет од белите дробови – Се пие секој ден по една лажичка Ако и вие заради променливото време маки мачите со кашлицата, овој рецепт за при...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Медицинска, шиатцу - Разлики помеѓу разните видови масажи (и која е најдобра за вас) Масажите го релаксираат нашето тело и позитивно влијаат врз нашето здравје. Но, ...
Симптоми на цисти во јајници кои се знак дека треба да одите на гинеколог Болка во стомакот кога немате менструација, но и болен сексуален однос – Кои се ...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Што е мача и зошто е добро да се пие? Мача е зелен чај во прав, кој е одличен за превенција од рак, а ги штити коските...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg