Научете да го читате говорот на вашето тело
Умот и телото никогаш не се одвоени, функционираат заедно како целина. Барем така вели Будизмот – 50% од вашето расположение и состојба на умот зависат од начинот на кој функционира вашиот организам.
Станува збор за оние емоции кои ги чувствуваме однатре како „пеперутки“ како внатрешна возбуда, како грутка во грлото кога сме вознемирени.
Нашиот јазик може да ги илустрира овие емоции, но што е со нашите тела? Често го игнорираме говорот на телото.
Постојат места во организмот каде се „складираат“ емоциите кои се обидуваме да ги потиснеме, сокриеме или игнорираме.
И додека поголемиот дел од емоциите не би можеле да се препознаат по одредени физички карактеристики и показатели, долготрајната емоционална напнатост и нерасположение може да преминат во појава на хронични заболувања на телото или пројава на хронична болка.
Оваа слика претставува илустрација на тоа кои делови од телото се поврзуваат со одредени емоции и животни ситуации.