Ниедна жена не смее да ги игнорира: 12 промени на градите кои откриваат какво ви е здравјето
Влакна на брадавиците
- Може да биде реакција на одредени козметички препарати или лекови кои содржат машки хормони.
- Може да упатува на синдромот на полицистични јајници. Останати симптоми пропратно со влакненцата, се честите акни и нередовната менструација.
Чешање на брадавиците
- Укажува на алергиска реакција на средство за туширање, млеко за тело или некоја ткаенина. Задолжително исперете ги новите градници пред првото носење за да не дојде до ваква појава.
- Може да означува и доаѓање на менструацијата. Понекогаш хормонските промени доведуваат до чешање.
- Може да упатува на карцином на брадавиците. Иако е редок случај, сепак во комбинација со исцедок е алармантно.
Бел исцедок од брадавицата
- Може да биде предизвикан од физичко стимулирање, неповрзано со бременоста.
- Може да биде и реакција на некои лекови. Не е опасно, но се работи за нуспојава која треба да ја контролирате.
Црвен исцедок од брадавицата
- Упатува на бениген тумор кој може да настане во млечниот канал на градите. Секако е потребен совет од лекар.
Грутка ткиво на самата града
- Може да означува проширени млечни канали, а најчесто се појавува заради промените пред менструацијата или стрес.
- Може да означува и циста или тумор. Ако промените стануваат се поизразени, задолжително посетете доктор.
Голема грутка на било кој дел од градите
- Може да упатува на циста. Ако грутката е округла и ја чувствувате дека се движи кога ќе ја притиснете, веројатно се работи за бенигна циста. Обично е голема околу 1 сантиметар.
- Може да е знак за рак на дојка. Затоа оваа промена не смее да ја игнорирате. Ако под прстите почувствувате грутка која не се менува и мрда, задолжително посетете доктор.