Што кога ќе ви се случи вагинален грч?
Можеби на голем дел од девојките овој поим им се чини како мит кој не се случува, но медицината потврдува дека барем 2 до 3% од жените во текот на сексот можат да доживеат вагинален грч.
Овој поим е познат уште како вагинизам и претставува женски еквивалент на машката импотенција. Понекогаш станува збор за психолошко несвесно сопирање на сексуалниот однос, а понекогаш има телесна позадина.
Во вториот случај најчесто станува збор за некаква инфекција која треба да се реши со антибиотици и здрава исхрана за да се засили имунитетот, во други случаи бара и нешто повеќе.
Во првиот случај, според психолозите, станува збор за: страв од несакана бременост, страв од болки кои се поврзани со пенетрацијата и породувањето или страв од машката доминација.
Во тие моменти вагината станува доволно тесна за движењата да бидат невозможни и болни за двајцата партнери, па потребно е да посегнете под методи кои ќе и помогнат на партнерката да се опушти.
Можете да употребите различни креми, гушкање и утешни зборови за да и помогнете да се ослободи од стресот и со тоа и од грчевите.