Природен рецепт кој ја убива желбата за цигари
На најголемиот дел од оние кои посегнале по цигарите подоцна им е прилично тешко да се откажат од штетната навика.
Но, многумина кои го пробале овој рецепт тврдат дека навистина делува. Тој се состои од неколку едноставни состојки кои ќе ви помогнат засекогаш да се ослободите од потребата да посегнете по цигара.
Потребни состојки:
- Половина грејпфрут
- Половина портокал
- 2dl Чај од камилица
- 30g Масло од јојоба
- 30g Маслиново масло
- 30g Кокосово масло
- 5g Оригано
Подготовка:
Исцедете ги грејпфрутот и портокалот и додадете ги и останатите состојки.
Мешајте додека не добиете хомогена смеса, а потоа истата ставете ја во практично шише кое ќе можете да го носите насекаде со себе.
Консумирање:
Секогаш кога ќе почувствувате потреба за цигара, нанесете дел од смесата под нос или со ставете мал дел од неа на марамче и вдишете длабоко.