Необичен совет за витка линија: Стојте додека јадете
Претераното стоење се врзува со појавата на бројни болести. Од нарушувања на коските до кардиоваскуларни заболувања, директно или индиректно сите се појавуваат како резултат на многубројните часови минати во седечка положба.
Кога веќе станува збор токму за оваа навика, Финското министерство за здравство предлага еден необичен совет: пожелно е да стоите додека јадете.
Како резултат на бројните здравствени проблеми кои се јавуваат при долгото седење, Финското министерство им препорачало на своите граѓани што почесто да практикуваат стоење или движење, дури и кога се јаде.
Стоењето покрај тоа што се препорачува при јадењето, се препорачува и при многубројните секојдневни активности како што се: читањето, гледањето на телевизија, паузите за кафе и сл.
Овој предлог се јавува во нивната најнова програма именувана како: „Седете помалку, ќе се чувствувате подобро“.
Истражувањата кои биле спроведени за оваа програма откриваат дека кај оние луѓе кои седат повеќе од 7 часа во текот на денот, ризикот од прерана смрт се зголемува за 5%.