Не ја повторувајте грешката: Ушите не треба да ги чистите со чепкалки
Ушите имаат свои хигиенски процес, а со чистењето и ставањето надворешни предмети во увото вие го нарушувате процесот на вашето тело и има голема можност да ги повредите.
Со чистењето на ушите вие го отстранувате церуменот (смола), а церуменот ја одржува хигиената на увото и создава заштитен слој. Тој е совршен природен заштитник од воспаленија и инфекции. Кога ја чистиме смолата се намалува природната одбрана.
Тогаш секој контакт со водата е потенцијална опасност од инфекции. Смолата ја обложува кожата на ушниот канал и ја прави помасна, повлажна и поеластична, со својот мирис ги одбива бубачките, а пружа и одредена заштита против бактериите.
Негативно влијание на памучните стапчиња за уши
Со отстранувањето на церуменот може сериозно да ѝ наштетите на природната регулација на организмот и потенцијално да го загрозите вашиот слух. Кога користите памучни стапчиња за уши, вие на тој начин го потиснувате восокот уште подлабоко во ушната школка, а тоа може да доведе до оштетување на ушното тапанче. Исто така, со тој потег бактериите кои се наоѓаат во надворешниот дел на увото и може да доведе до внатрешниот дел што ќе предизвика низа инфекции и воспаленија.
Како да се справите со нечистите уши
Доколку имате чувство дека вашето уво лачи премногу церумен или дека имате премногу масти во ушната школка подобро е да посетите ушен доктор кој ќе најде најдобро решение за вашиот проблем. Никако немојте сами да ја преземате улогата на лекарот и не посегнувајте по алтернативните методи без стручен совет.
Кога е задолжителна посетата на ушен лекар
- доколку чувствувате болка во увото
- имате ослабен слух
- чувствувате чешање
- непријатен мирис