30 добри идеи за секој ден да го намалувате стресот
Целото секојдневие и темпото на живот е стресно за секого. Сите си наоѓаат различни начини за опуштање, но не секогаш ги обираат вистинските, туку најбрзите, кои ги ослободуваат само моментално.
Најверојатно кога сте под стрес најлесно ви е да изедете нешто, да се налутите или да се обвинувате.
Но, наместо овие методи со кои или ќе се чувствувате полошо или само ќе го пренесете стресот, подобро е да примените некои од 30-те добри идеи кои се едноставни ситници, а со кои сигурно ќе се ослободите или барем ќе го намалите стресот, а и ќе уживате.
1. Излупете портокал и почувствувајте го мирисот кој се шири.
2. Читајте книга минимум 6 минути.
3. Изедете авокадо бидејќи неговите нутритивни вредности го намалуваат крвниот притисок.
4. Прошетајте низ шума или парк, гледајте во зеленилото.
5. Излезете со пријателите, но без да зборувате за стресот.
6. Слушајте класична музика.
7. Дозволете си некоја масажа.
8. Прегрнете драга личност.
9. Танцувајте.
10. Јавете се на драга личност и разговарајте за неа.
11. Помислете на сè за што сте благодарни до овој момент.
12. Вежбајте. Спортувајте.
13. Испијте шолја зелен чај.
14. Помислете на нешто што ве смее.
15. Јадете риба која содржи Омега 3 масни киселини.
16. Слушајте ги звуците на природата.
17. Насмевнете се на оние кои ги среќавате.
18. Исплачете се.
19. Научете да медитирате.
20. Напијте се сок од портокал
21. Наспијте се добро.
22. Исклучете се од социјалните мрежи некој период
23. Направете нешто мало и убаво за некој друг
24. Напишете ги своите мисли и стравови на хартија, па фрлете ја
25. Паузата за јадење на работа направете ја надвор од канцеларија.
26. Искористете ја фантазијата и обидете се на сите случувања во вашиот живот да гледате како да се на филм.
27. Разгледувајте стари семејни фотографии.
28. Уживајте некое време во тишина.
29. Ставете слушалки на уши, пуштете ја омилената песна најгласно и пејте како да имате најдобар глас.
30. Погледнете се во огледало, прифатете се себе, својот изглед и годините.