Лакот за нокти може да биде опасен по живот
Лакираните нокти за многу жени се неизоставен дел од нивното секојдневие и комплетниот изглед, самодоверба, стил и елеганција.
Но, лакот и другите производи за нега на ноктите и заноктиците може да бидат исклучително опасни по здравјето, а во драстични ситуации може да предизвикаат и неплодност или рак.
Научниците од Универзитетот Стенфорд ги предупредиле дамите внимателно да ја прочитаат содржината на лакот и другите препарати за нокти дали содржат некои од штетните материи.
Во лакот се наоѓаат бројни отровни хемикалии кои може да остават сериозни последици на здравјето. Тоа се: формалдехид, толуен и дибутил фталат кои ја прават „отровната тројка“, а изложувањето на тие хемикалии може да предизвика низа здравствени проблеми од кои најлоши се неплодност и канцер.
Тоуленот го уништува нервниот систем
Тоа е растворувач кој често се користи за да се намачка последниот слој на ноктите, а служи за пигментот да не се одвојува од шишенцето. Научниците тврдат дека оваа хемикалија може негативно да влијае на централниот нервен систем и да ги оштети репродуктивните органи.
Формалдехидот предизвикува рак
Познат карциноген е, се користи како средство за зацврстување на ноктите и дезинфекција на приборот за нега. Доказ за тоа колку е силно ова соединение е и тоа што во него се чуваат отруените глувци. Покрај лакот за нокти, го има и во препаратите за зајакнување на ноктите.
Дибутилфталат ги оштетува репродуктивните органи
Се додава во лакот за нокти за да се постигне фллексибилност и лесно нанесување. Присуството на оваа хемикалија во козметологијата се поврзува со оштетувањата кои се јавуваат кај репродуктивните органи.
Проблемот кој го предизвикува лакот не се забележува наеднаш, туку по долго користење на сите препарати за нокти. Затоа, нека не ви биде тешко пред да се налакирате да ја проверите содржината на производите.