Стевиа или бел шеќер? Што да одберете?
Стевиа е природен сладок екстракт од растението Stevia Rebaudiana, билка која се користи како здрава замена за белиот шеќер или другите ваштачки и нехранливи засладувачи.
Стевиата расте во вид на ниска повеќегодишна грмушка која потекнува од Парагвај, Бразил и други Јужноамерикански земји, но денес комерцијално се одгледува во повеќе од 50 земји ширум светот.
Нејзините листови содржат околу 10% гликозиди, кои што се слатки компоненти со силен интензитет (150 пати се послатки од шеќерот).
Покрај интензивно слатките гликозиди (стевиозид, ребаудиозид и дулкозид), бројни студии покажуваат дека листот на оваа билка исто така содржи протеини, растителни влакна, железо, фосфор, калциум, калај, натриум, магнезиум, цинк, рутин, витамин А, витамин Ц и растително масло кое содржи 53 фито нутриционистички состојки со висока хранлива вредност.
Позитивни ефекти:
Стевиата е единствената комплетно природна алтернатива на шеќерот и вештачките засладувачи, која е со 0 калории, 0 хемикалии, 0 јаглехидрати, 0 гликемиски индекс.
Поради тоа може совршено да се вклопи во било која редукциска диета, како и во исхраната на лица заболени од дијабетес тип II, но е одлична и во исхраната за деца, бидејќи не претставува добра подлога за раст на бактерии, и така ги штити забите од кариес.
Стевиа наспроти бел шеќер:
Препорачуваме: Направете вистински избор за освежување – одберете Cockta Easy!
Единствено освежително задоволство засладено со стевиа кое ги исполнува очекувањата и на најпребирливите корисници.