Дарувајте крв!

Неодамнешното истражување покажува дека и мажите кои даруваат крв два или три пати во годината, го намалуваат ризикот од срцев удар за повеќе...

 

...од 50 проценти. Бројни студии посочија на намалена веројатност на некои видови на малигни заболувања на они луѓе кои даваат крв.

Постојат податоци кои покажуваат дека крводарителите побрзо и полесно оздравуваат, доколку тие се изложени на ненадејна загуба на крв, на пример, во сообраќајна несреќа или за време на операција, бидејќи организмот веќе се сретнал со ненадејно губење на одредена количина крв.

Покрај тоа што крводарителот има здравствени придобивки од давање на крв, исто така добивате бесплатен преглед.

Секој здрав возрасен на 18-65 години, може да биде донатор на крв кога со лекарски преглед и проверка на крвна слика, односно нивото на хемоглобинот мора да се утврди дека крводарителот, нема да загрози ниту едно лице на кое ќе му се даде таа крв.

Потенцијалните донатори треба да пројдат на лекарски преглед за да се одреди нивниот здравствен статус и крвна слика.

Покрај гореспоменатите лекарски преглед и направена крвна слика, со секое давање крв за секоја единица на крв се вршат следните анализи:

- определување на крвни групи и Rh АБО (Д) систем, daruvajte-krv1

- тестирање за присуство на нерегуларни антитела,

- ефикасно тестирање за да се провери присуство на некоја болест која може да се пренесе преку крв (хепатитис Б, Ц, СИДА, сифилис).

Што се однесува до дарувањето на крв, тоа е потполно безбедно, бидејќи секоја здрава личност има резерви од крв кои не се неопходни за нормално функционирање, работа, учење и други активности.

Износот на донираната крв претставува само дел од резервите на крв (околу 10%), што не може да штети на здравјето ниту способноста за нормални животни активности на крводарителот.

За 48 часа се надокнадува плазмата, бели крвни клетки за неколку часа во текот на денот, за 3-5дена - тромбоцитите, еритроцитите за 4 недели, за околу 8 недели и содржината на железо во црвените крвни зрнца.

Мажите може да даруваат крв на секои 3 месеци, а жените на секои 4 месеци. Донацијата на крв е чин на добра волја и граѓанската солидарност.

Принципите кои се базираат на давање на крв во нашата земја, се слични како и кај повеќето развиени земји во Европа и светот, каде се промовира Светската здравствена организација и Советот на Европа, а тоа се доброволност, анонимност, редовност и наградуваност.

Би можело да ве интересира:

Фебрилни конвулзии кај деца: Кои се причините, како да ги препознаете и како да реагирате? Ако сè се прави правилно и во консултација со лекар, фебрилните конвулзии кај по...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сестра ми почина, како да разговарам со внукот на оваа тема?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Болести кои ги пренесуваат комарците - колку се опасни и кои симптоми не треба да ги игнорирате? Тигрестиот комарец кој го има и во Македонија пренесува повеќе од 20 видови боле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg