Кажете му НЕ на стресот!
Стареењето е нешто што на многу луѓе им создава стрес, а намалувањето на стресот е потребно за да се зачува младоликоста. Додека сите стареат...
...начинот на кој се предава вашето тело зависи од тоа како се справувате со стресот. Доколку го намалите - ќе го одложите и процесот на стареење.
Стресот се појавува во различни форми. Постои стрес на работа, стрес во домот врзан со домашните работи, стрес кој го предизвикуваат децата, љубовен стрес, стрес во сообраќајот, физички стрес.
Ако не знаете правилно да се носите со стресот и стресните ситуации, телото станува напнато и се појавуваат негативни последици. Тоа ги вклучува: покачен крвен притисок и забрзано чукање на срцето, главоболка, лутина, агресија и слично.
Сето ова искомбинирано со надворешните фактори може многу брзо да ја остари личноста. На пример: напнатите мускули во комбинација со главоболка ги тераат луѓето да земаат лекови кои често само го влошуваат изгледот.
Стресот ја суши кожата, поради стрес побелува косата, а телото прерано слабее.
Затоа, научете да го контролирате стресот и не дозволувајте да ве обземат стресните ситуации.