И вие сакате да ја чистите вагината со пареа? Еве како да го направите тоа дома
Одржувањето на интимната зона со пареа станува се попопуларен тренд во светот.
Сè започна пред неполна година, кога многу доктори и сопственици на козметички салони тврдеа дека пареата ги намалува менструалните болки и грчеви, ја регулира менструацијата, ја зголемува плодноста, лечи вагинални инфекции и ги ублажува симптомите на менопауза.
Ако сакате да пробате вакво нешто, сега Сиера Брашхер (претседател на велнес здружение) ве советува како да го направите тоа дома.
Потребно е да ставите 1 шолја вода со свежи билки на оган и да ја оставите да зоврие.
Таа советува да пронајдете мирно место, да се опуштите, соблечете и да ја насочите пареата кон вашата вагина.
По направениот третман кој би требало да трае околу 30 минути, облечете се и стуткајте се во топло ќебе.
Од билките може да користите пелин, босилек, оригано, корен од бел слез и рузмарин.
Секако, секогаш ќе постојат оние кои не веруваат во овие по малку бизарни третмани и тврдат дека немаат апсолутно никаков ефект.
Кое е вашето мислење? Би пробале нешто вакво?