Дебелината причина за рак?

debelinata-pricina-za-rak-povekje“Во годините кои ни доаѓаат дебелината би можела да стане главна причина за предизвикување на карцином кај жените од Западноевропските земји“...

 

...предупредуваат европските научници.Научниците претпоставуваат дека всушност поради дебелината е зголемен бројот на жени кои страдаат од рак.debelinata-pricina-za-rak

“Во наредните десетина години вишокот на килограми би можеле да бидат главната причина за карциномот“, изјавил доктор Ендрју Ренехан, специјалист за канцерогени болести од универзитетот во Манчестер.

Ренехан и неговите колеги развиле модел за пресметување на бројот на заболени од рак во 30 европски земји. Тој модел покажал дека наглото дебелеење во наредните години ќе биде еден од главните причинители на рак.

Таквата состојба била најавувана од 2002 година кога е откриено дека од 2 милиони случаи на рак - 70.000 се предизвикани од прекумерна тежина.

Веќе наредната година тој број бил зголемен на 124.000. Утврдено е дека дебелината е најчесто поврзана со ракот на дебелото црево, ракот на дојката и ракот на матката.

Научниците сметаат дека идните здравствени политики на земјите од ЕУ би требало да бидат водењето на поголемо внимание во врска со овие факти.

Сеуште не е докажано на кој начин дебелината предизвикува рак, но се верува дека таа појава е поврзана со хормоните, бидејќи колку повеќе луѓето јадат - толку повеќе телото им произведува хормони како што е естерогенот кој му помага на растот на туморот.

Би можело да ве интересира:

Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
3 едноставни вежби за лимфна дренажа Вежбите за лимфна дренажа можат да помогнат во намалување на отоците кои настану...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Вие прашувате, психолог одговара: „Добивам панични напади во гужва и затворен простор – супермаркети... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/ терапевт. На пр...
Вие прашувате, психолог одговара: „Моите родители се во поодминати години – се плашам за нивната смр... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто дланките ви се постојано студени (и како да ги стоплите во зима)? За да не ви бидат рацете постојано студени, избегнувајте тесна облека и чевли. З...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg