10 Симптоми на ракот кои сите ги игнорираат

Откривањето на раните симптоми е најдобар начин да се лекува и излекува оваа лоша болест.

10-simptomi-na-rakot-koi-site-gi-ignoriraat-1

Некои од симптомите можат да бидат и доста чести, но голем број од мажите, како и жените ги игнорираат.

Погледнете кои се 10те најчести симптоми на ракот:

1. Краток здив

Еден од првите знаци за ракот на белите дробите, а пациентите кои заболуваат од истиот кажуваат дека ги забележале симптомите, е отежнатото дишење односно краток здив и шуштење. Честата погрешна дијагноза, која луѓето самите си ја поставуваат, е дека имаат астма.

2. Хронична кашлица и болка во градите

Неколку врсти на ракот, вклучувајќи ги леукемијата и ракот на белите дробови, предизвикуваат појава на симптоми како кашлица или бронхитис. Еден од начините на кои можете да ја препознаете разликата е дали проблемот е константен или исчезнува повремено. Ако имате константна кашлица или болка, задолжително направете анализи.

3. Чести инфекции

Честите инфекции се симптоми на леукемијата, односно во нашата крв започнува производство на абнормална количина од белите крвни садови и истите не можат ефикасно да се борат против инфекцијата. Леукемијата често се открива кај возрасните луѓе дури тогаш кога пациентот се жали на чести појави на грозници и симптоми слични на грип.

4. Тешкотии во голтањето

Тешкотии во голтањето најчесто е симптом поврзан со ракот на грлото или еден од првите симптоми на ракот на белите дробови.

5. Натечени лимфни јазли, под пазувите или на препоните

Зголемените лимфни жлезди укажуваат на промени во лимфниот систем, што може да биде знак на рак. Безболната грутка под пазувите често упатува на ракот на дојката, додека пак грутката на препоните и вратот, може да упатува на ран знак на леукемија.

6. Прекумерно создавање на модринки

Овој симптом може да биде показател за некои абнормални активности на црвените крвни зрнца, што пак често упатува на леукемијата. Создавање на модринки на чудни места, како прстите и дланките и црвените дамки на лицето, вратот, градите, се симптоми кои не смеете да ги игнорирате.

7. Болка во стомакот или карлицата

Сама по себе, болката во карлицата може да упатува на повеќе работи. Тоа е чест симптом на цисти на јајниците, па затоа овој знак често се игнорира, а не смее.

8. Ректално крварење

Еден од првите симптоми на ракот на дебелото црево е ректалното крварење или крв во столицата. Во случај да ги забележите овие симптоми, треба веднаш да се обратите кај вашиот доктор.

9. Губење на тежина

Доколку забележите дека килограмите се топат, а вие не сте направиле никаква промена во исхраната или животниот стил, потребно е да се запрашате зошто е тоа така. Губењето на тежината е ран знак на ракот на дебелото црево и истиот влијае врз апетитот и способноста на организмот да се ослободи од „отпадот”.

10. Промени на ноктите

Чудните промени на ноктите можат да бидат симптом на различни видови на рак. Кафените или црните црти и точки под ноктите укажуваат на рак на кожата. Бледите или бели нокти, можат да бидат знак дека црниот дроб не функционира правилно, а тоа е симптом на ракот на црниот дроб. 

Направете ги своите прегледи уште денес и ослободете се од сомнежите!

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg