На природен начин исчистeте ги белите дробови од никотинот
На сите ни е познато дека пушачите имаат многу поголем ризик да заболат од рак, отколку непушачите. Поради тоа лекарите на сите им советуваат да се ослободат од таа лоша навика.
Но, ако веќе не можете да престанете, може барем да се потрудите на некој начин да го намалите ризикот.
Некои производи секако може да ви помогнат да ги проширите дишните патишта.
Белите дробови не можете во целост да ги исчистите само со консумирање на овие производи, но можете барем во одредена мера да се ослободите од токсините и со самото тоа да ги намалите шансите за да добиете рак.
Пченка
Пченката содржи бета – криптоксантин за кој се смета дека ги штити белите дробови од карциномот бидејќи претставува силен антиоксиданс. Од друга страна, имајте на ум дека повеќето пакувана пченка на полиците во продавниците е генетски модифицирана, па подобро е да внимавате на потеклото.
Селен
Станува збор за моќен антиоксиданс кој не може да се најде во различни видови риби, како туна, лосос и бакалар, но и во јагнешкото, јајцата и житарките. Попрепорачливо е да се држите до јајцата и житарките, а да го избегнувате месото.
Лук
И кромидот и лукот содржат работи кои имаат антиканцерогено дејство. Лукот помага и сперечува многу болести и инфекции, па дури и рак на белите дробови. Интересно е тоа што кај личности кои имаат карцином го спречува ширењето.
Ѓумбир
Ова е уште едно силно средство за исфрлање на токсините од белите дробови. Може да пиете чај од коренот на ѓумбирот со што ќе си го олесните дишењето, а парчето ѓумбир може да го изедете.
Портокали
Освен што веќе се познати како извор на витамини, портокалите исто така содржат и криптоксантин кој превентивно делува против ракот на белите дробови.
Коприва
Оваа билка е преполна со железо, а многу е корисна и како средство за дезинфекција на белите дробови и борбата против инфекции.
Чај од борови иглички
Овој чај традиционално се користи за плакнење на устата и грлото, но може да ви биде и добар сојузник во борбата против ракот на бели дробови, како и за превенција.